Изненадувања во Дубаи, отпаднаа шампионките во последните три години

Од:

Бранителот на титулата Белинда Бенчиќ (Швајцарија) беше елиминирана во првото коло на силниот турнир на тврди терени во Дубаи. Број 4 во шемата, Бенчиќ загуби од Русинката Анастасија Павлученкова со 6:1, 1:6, 1:6 за час и половина.

Шампионката за 2017 и 2018 година и број 3 во шемата, Елина Свитолина (Украина) пак загуби со 1:6, 2:6 од Џенифер Брејди (САД) за еден час. Шестата во светот, Свитолина продолжи со својот променлив настап во текот на целата година, дозволувајќи четврти пораз на осум одиграни натпревари оваа сезона.

– Сè уште не можам да сфатам што се случува со мојата игра, што друго треба да додадам, за данапредувам. Тешко е да се дефинира една работа. Мислам дека сè треба да се собере, да бидам посилна ментално, во подобра физичка форма. Јас работам напорно, но можеби нешто не е во ред во овој момент. Мојот тим и јас ќе се обидеме да го најдеме проблемот за да можам повторно да се чувствувам подобро и да играм посилно, рече Свитолина.

52-та во светот, Брејди постигна втор успех над конкурент во Топ 10, откако во јануари ја победи лидерката на ВТА листата, Ешли Барти (Австралија) во Бризбејн. Американката ќе игра во второто коло против финалистката на Ролан Гарос, Маркета Вондроушова (Чешка).

Би можело да ве интересира

Барти триумфално ја почна тениската година

Ана Ололовска

Осака за амбициите во 2022 година: Никогаш повеќе да не плачам на прес-конференции

Ана Ололовска

Полуфиналистката на Австралија опен, Мухова, ќе го пропушти турнирот во 2022 година

Ана Ололовска

Ема Радукану избрана за спортска личност на годината на „Би-Би-Си“

А1он

Барти и Осака во јануари се враќаат на тениските терени

А1он

ВТА ја избра Барти за тенисерка на годината

А1он