Русија ги казни „Фејсбук“ и „Твитер“ со по 58.000 евра

Од:

Руски суд денеска ги осуди социјалните мрежи “Твитер” и “Фејсбук” на парични казни поради неисполнување на законот што бара податоците од руските корисници да се чуваат на национална територија.

Секоја од социјалните мрежи треба да плати парична казна од четири милиони рубљи (околу 58,000 евра).

Според судот, двете групи имаат десет дена да ја обжалат судската одлука и во рок 60 дена да ги платат казните.

Русија веќе неколку години работи на изградба на внатрешен Интернет кој може да функционира независно во случај земјата да биде отсечена од најголемите светски сервери, но и да ја зголеми контролата врз мрежата.

Веќе во 2016 година, Русија нареди блокирање на професионалната социјална мрежа ЛинкдИн, која одби да го почитува својот закон за заштита на податоците на руските корисници.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски