Саид Бутефлика, братот на соборениот алжирски претседател Абделазиз Бутефлика и двајцата поранешни шефови на алжирското разузнавање денеска се осудени на 15 години затвор.
Тие се осудени во жалбена постапка во воен суд поради завера против војската.
– Саид Бутефлака и генералите Атман Тартаг и Мохамед Ламин Медиан добија по 15 години затвор. Првата пресуда е потврдена, изјави Буџем Гешир, адвокат на четвртообвинетата Луизи Нанун.
Судот ја намали казната на Нанун, генерална секретарка на Работничката партија, која во првостепената постапка беше осудена на 15 години затвор, на три години од кои девет месеци строг затвор.
Главниот обвинет Саид Бутефлика (62) беше влијателен специјален советник на својот брат за време на неговото 20-годишно претседателствување (1999-2019).
Претседателот Абделазиз Бутефлика поднесе оставка во април минатата година под притисок на уличните протести.
Новиот претседател на Алжир, Абделмаџид Тебун ја презеде должноста на 19 декември, по изборите на кои победи во првиот круг.