(ВИДЕО) Заев: Повеќе од јасно е дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат Закон за ЈО

Од:

„Повеќе од јасно е дека Христијан Мицкоски и опозицијата не сакаат законско решение за јавното обвинителство и затоа ги повикувам да ме демантираат“, изјави Зоран Заев во одговори на новинарски прашања.

„Во време кога на сите ние јасно дека Законот можеме да го донесеме сега или да чекаме да го донесеме по изборите без разлика кој ќе биде власт а кој опозиција, би било сулудо да не го донесеме сега.

Со тоа ќе дадеме дополнителен аргумент на ЕУ. Дури сега да се формира работна група која би работела на законско решение, тогаш кога би бил предложено законското решение? Во октомври годинава или напролет наредна година?

Треба сериозно да ја сфатиме работата, затоа што се работи за нашата држава, се работи за стратешка цел – почеток на преговорите со ЕУ.

И навистина, сакам Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ме демантираат, дека не се против законот, дека не сакаат намерно да го опструираат законското решение, а тоа ќе го направат ако дадат конкретни предлози“, посочи Заев.

Заев посочи дека пролонгирањето на распуштањето на Собранието, не значи и одлагање на изборите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“