Истражувачите на службата за безбедност на „Мајкрософт“ откриле дека позадините за десктоп на кои е Коби Брајант, содржат скриен софтвер, кој тајно собира криптовалути од компјутерите на луѓето кои ги симнале.
Таканаречениот „црв за крипто-грабеж“ им дозволува на сајбер криминалците да ја користат силата на процесорот на жртвениот компјутер за да произведат криптовалути како што е биткоинот.
Хакери се обидуваат да профитираат од трагичната смрт на Коби Брајант така што со уфрлување на вирус во фотографиите од легендарниот кошаркар, кои корисниците на интернет низ светот ги симнуваат, крадат криптовалути.
„Додека светот жали поради загубата на НБА легендата, сајбер криминалците, како што и се очекуваше, користат можност да извлечат корист од таа трагедија“ велат истражувачите.
Тие предупредуваат дека „крипто-кражбите“ стануваат се повеќе популарен метод на заработување пари меѓу хакерите, бидејќи луѓето кои се неупатени во светот на сајбер криминалот, тешко може да воочат таков напад.