Најмалку двајца пакистански војници загинаа во престрелка со исламистичките милитанти кога безбедносните сили денеска извршија напад врз терористичко упориште во близина на авганистанската граница, соопшти армијата.
Петмина милитанти беа убиени во борбите во Северен Вазиристан, регионот што служеше како седиште на Ал-Каеда и мрежата Хакани до пред неколку години.
Пакистанската војска ги протерува милитантите од своите погранични региони во серија напади што почнаа во 2014 година.
Околу 70.000 луѓе беа убиени во насилства, оркестрирано од исламистичките милитанти во Пакистан, во текот на една и пол деценија.