Во Бангладеш почнува пописот на тигри

Од:

Во Бангладеш следниот месец почнува пописот на тигри кои живеат во најголемата шума на мангри во светот, со цел да бидат утврдени точните размери на опасноста од нивно изумирање, објавија денеска научниците.

Јунус Али од Министерството за шумерство вели дека експертите од американскиот Смитсонијан институт за конзервација и биологија инсталирале камери на дрвјата кои се наоѓаат на страната на националниот парк Сундарбанс, кој му припаѓа на Бангладеш, за да добијат попрецизни податоци.

Според последниот попис од 2004 година, проценето е дека во Сандарбанс, на страната на Бангладеш, живеат 440 кралски бенгалски тигри. Останатите делови на шумата на мангри припаѓаат на индиската држава Западен Бенгал. Целата шума има површина од 10.000 квадратни километри.

Одредени експерти ја критикуваа методологија користена минатиот пат, која се потпира на следење на трагите од шепи, и веруваат дека сегашниот број на тигри е повеќе од двојно помал, за што делумно се криви и ловокрадците.

Научниците се надеваат дека камерите ќе им помогнат да добијат попрецизни податоци во токот на следните две години.

Во целиот свет живеат околу 1850 бенгалски тигри, од кои околу 1.300 живеат во Индија.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Во Индија убиен е тигар кој за еден месец изел шест луѓе