Медиуми: Мировниот план за Блискиот Исток им нуди на Палестинците условен суверенитет

Од:

Весникот „Вашингтон пост“ повикувајќи се на неименувани извори денеска објави дека Мировниот план за Блиски Исток на администрацијата на САД ќе предложи прекројување на границите меѓу Израел и Западен Брег, со цел големите еврејски населби да и припаднат на еврејската држава.

„Вашингтон пост“ не прецизира за кои населби станува збор, но додаде дека предлогот вклучува некој вид израелска безбедносна контрола над Западниот Брег.

Исто така „Вашингтон пост“ наведе дека планот им нуди на Палестинците ограничена автономија над Западниот Брег и источен Ерусалим.

Портпаролот на Белата куќа одби да ги коментира наводите на „Вашингтон пост“.

Додека „Њујорк тајмс“ објави дека американскиот план предлага суверенитет на Израел на поголем дел од долината Јордан на окупираниот Западен Брег.

Весникот цитирајќи неименуван извор наведува дека планот ќе услови зголемување на палестинската автономија со демилитаризација и со признавање на Израел како еврејска држава.

Израелските медиуми наведуваат дека премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху се надева на дозвола од американскиот претседател Доналд Трамп да ја анкетира долината Јордан или предградието на Ерусалим, Мале Адумим.

Претходно, палестинскиот претседател Махмуд Абас најави дека ќе го отфрли секој американски план, потсетувајќи оти Палестинците ги прекинале сите контакти со САД освен безбедносните.

Додека палестинскиот премиер Мухамед Штајех упати апел до меѓународната заедница да го бојкотираат планот на Трамп.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени