Кина бара извинување од дански весник поради карикатура за вирусот

Од:

Кинеската Амбасада во Копенхаген побара од најтиражниот дански весник да се извини за карикатурата на новиот коронавирус, коja ја сметаат за навреда на Кина.

Карикатурата го прикажува кинеското знаме со симболи кои личат на вирус на местото каде би требало да бидат ѕвезди, а главниот уредник на весникот „Јиландс Постен“ рече дека немале намера да ја исмејуваат Кина.

– Не можеме да се извиниме ако сметаме дека не сме направиле ништо лошо, изјави уредникот.

Кинеската Амбасада изразила остро негодување и оцени дека карикатурата, која беше објавена вчера во печатено издание на весникот е навреда за Кина.

Кина потврди дека од коронавирусот досега починале 106 лица, а заразени се 4.500 луѓе.

Данскиот весник „Јиландс Постен“ во 2005 година објави 12 карикатури на пророкот Мухамед, што предизвика бес низ исламскиот свет бидејќи тие веруваат дека пророкот Мухамед не треба да се прикажува на никаков начин.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ