Двајца алжирски воени пилоти загинаа при пад на воен авион во провинцијата Ум ел Буаги во Алжир.
Алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун потврди на Твитер дека двајцата пилоти загинале и информира дека се работи за авион за обука.
Причината за несреќата засега е непозната.