Американската кантри пејачка Доли Партон се одлучи да постави предизвик на социјалните мрежи “DollyPartonChallange”.
Предизвикот е збир од четири фотографии објавени на “Линкедин”, “Фејсбук”, “Инстаграм” и “Тиндер” кој беше прифатен од сите ѕвезди, и набрзо се прошири насекаде низ светот.
Меѓутоа за разлика од и ѕвездите од Холивуд кои објавија фотографии токму по овој редослед, политичарите се решија да го прифатат овој предизвик, но наместо да ги објават своите разголени фотографии, тие го заменија “Тиндер” со “Твитер”.
#DollyPartonChallenge pic.twitter.com/efJWWiPbNe
— Benjamin Netanyahu (@netanyahu) January 26, 2020
Многумина реагираа на овој потег на политичарите бидејќи поентата на кантри пејачката беше да се доловат различните профилни фотографии во зависност од социјалниот медиум.
Единствено поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер остана доследен на предизвикот.
Where @DollyParton goes, I follow. pic.twitter.com/23772RoJ0b
— Arnold (@Schwarzenegger) January 24, 2020