Рама: Харадинај ја замени пушката со клевета

Од:

Претседателот на албанската Влада Еди Рама му порача на косовскиот премиер во заминување Рамуш Харадинај дека повторените клевети и обвинувања против него, а во врска со поделбата на Косово, ќе треба да бидат докажани на суд.

– Вистина е дека сакав да го поделам Косово онолку колку што Рамуш сакаше да го одвои принцот Хари од кралското семејство! Накратко, довчерашниот командант на ОВК, Рамуш Харадинај, ја имаше мојата заслужена почит за сè што направи за слободата на Косово…“, рече Рама. Тој додаде дека, според него, политиката на Харадинај „наштетила на Косово, а на Србија и дала предност на меѓународната сцена“, пренесува Танјуг.

Рама, кој веќе поднесе тужба против премиерот во заминување на Косово, за албанскиот Топ Чанел изјави дека Харадинај „ја заменил пушката со клевета“.

Тој рече дека не може да се спушти на нивото на Харадинај, кој, како што вели, е од оној вид на политичари кои не го почитуваат зборот, вистината или јавноста. Природно е, додаде тој, дека од клеветата на штета на нечие достоинство треба да се брани на суд, особено ако се повторуваат во јавност.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Молотови коктели на протест во Тирана