Поради чад прекинат ревијалниот меч Шарапова – Сигемунд

Од:

Мечот од ревијалниот тениски турнир во Австралија меѓу Русинката Марија Шарапова и Германката Лора Сигемунд не беше доигран поради чад.

Егзибицискиот турнир се одржува во Кујонг, предградие на Мелбурн.

По кусиот состанок со тенисерките, организаторите решија да го прекинат денешниот мечот при резултат 1-0 во сетови за Германката 7:6 (7:4) и 5:5 во вториот сет.

Според австралиските медиуми, повеќе од 6,3 милиони хектари на континентот се зафатени од големите пожари кои предизвикаа смрт на 27 луѓе и илјадници опожарени куќи. Чадот од пожарите во Австралија предизвика дополнителни 250 милиони тони емисии на јаглерод диоксид, што претставува повеќе од една третина од годишните емисии на CO2 во Австралија.

Пожарите на континентот започнаа во септември 2019 година и сè уште не се изгаснати.

Би можело да ве интересира

Барти триумфално ја почна тениската година

Ана Ололовска

Осака за амбициите во 2022 година: Никогаш повеќе да не плачам на прес-конференции

Ана Ололовска

Полуфиналистката на Австралија опен, Мухова, ќе го пропушти турнирот во 2022 година

Ана Ололовска

Ема Радукану избрана за спортска личност на годината на „Би-Би-Си“

А1он

Барти и Осака во јануари се враќаат на тениските терени

А1он

ВТА ја избра Барти за тенисерка на годината

А1он