Мушараф в недела се враќа во Пакистан по пет години егзил

Од:

Поранешниот претседател и воен лидер на Пакистан, Первез Мушараф в недела ќе се врати во Пакистан по пет години поминати во егзил, јави БТА.

Мушараф ја презеде власта со воен преврат во 1999 година, но се повлече во 2008 година. Неколку пати тој најавуваше дека ќе се врати во Пакистан, но потоа го одложуваше враќањето, бидејќи стравуваше дека ќе биде уапсен. Против него има издадено три потерници за апсење.

Пакистанското правосудство денеска попладне му даде гаранција дека доколку се врати тој ќе добие условна казна.

Мушарав, кој се наоѓа во Дубаи, планира да патува со авион до Карачи и истакна дека сигурно ќе се врати во земјата, дури и, како што рече, тоа да е ризично за неговиот живот.

Тој веќе најави дека сака да учествува на парламентарните избори на 11 мај.

Пакистанското правосудство во 2008 година го принуди да даде оставка и го обвини за три случаи – убиство на поранешниот премиер Беназир Буто во 2007 година, незаконско разрешување на судии во текот на истата година и убиство на лидерот на борците за независност на Белуџистан, Акбар Бугти во 2006 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица