Јавниот превоз и деловното патување се најомразениот дел од нашата рутина, но постои причина зошто сите ги мразиме толку многу.
Не е тајна дека чекањето да се качиме на воз, автобус или метрото го буди најлошото во нас и не направи повеќе иритирани отколку што треба. Кога влегуваме во било кој вид на јавен превоз, често сме во состојба да се бориме за место за седење или за стоење.
Како и да е, сега научниците ја пронајдоа психолошката причина зошто се вознемируваме кога секојдневно патуваме на работа. Поточно, тие откриле зошто толку многу непријатност создаваат оние луѓе кои не сакаат да ги преместуваат работите од испразнетото место и оние кои стојат блиску до вратите.
Д-р Сара Бруер откри дека нашата промена на ставот во ситуации како ова има врска со она што психолозите го нарекуваат т.н. несоцијално минливо однесување.
“Јавниот превоз може да го разбуди најлошото во нас, затоа што честопати поминуваме повеќе од еден час на ден во преполни автобуси или возови и среќаваме огромен број луѓе на многу мала област. Ова е стресно, особено ако доцниме”, рече д-р Бруер.
Таа повтори дека психолозите ја нарекоа оваа состојба „несоцијално минливо однесување“, т.е. опкружени сме со странци кои не треба да ги импресионираме и веројатно никогаш повеќе нема да ги видиме, така доаѓа нашата природна фрустрација од гужвите и затворениот простор.
Значи, заклучокот е дека нашиот став се менува додека го губиме чувството за интимност, знаејќи дека веројатно нема повторно да ги видиме овие луѓе и со оглед на тоа што често не можеме да контролираме такви ситуации, се појавува фрустрација.