Јавното обвинителство ги отфрла наводите на анткорупциска за работење под притисок

Од:

Јавното обвинителство ги отфрла паушалните наводи за притисоци и влијанија и истакнува дека времето потребно за утврдување на фактичката сосотојба во предметите не е соодветен критериум за оценка на постапувањето на јавните обвинители. Работата на јавното обвинителство може да се цени само врз основа на сериозноста и квалитетот на доказите од кои произлегува јавнообвинителската одлука.

Изјавија од Јавното обвинителство, во врска со денешната изјава на претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Билјана Ивановска, која рече дека ЈО сè уште работи под притисок, од, како што посочи, две причини – првата е што за некои предмети сè уште нема одговори, а втората е дека за некои предмети, пак, добиваат многу брзи одговори.

– Јавното обвинителство во сите предмети во кои постапува, вклучувајќи ги и оние оформени по претставка од Државната комисија за спречување на корупцијата, ги презема сите потребни дејствија за утврдување на фактите и за проверка на наводите. Во секој предмет се постапува одделно и по прибирање на материјалните и вербалните докази се донесува јавнообвинителска одлука. Времето потребно за комплетирање на предметот и донесување на јавнообвинителската одлука зависи од сложеноста на самиот предмет, како и од обемот на доказите кои се прибираат. Оттука, во предмети во кои наводите очигледно не содржат индиции за кривични дела или во кои прибраните докази директно упатуваат на сторено кривично дело, јасно е дека и јавнообвинителската одлука се носи за пократко време, посочуваат од ЈО.

Натаму наведуваат дека Јавното обвинителство е самостоен орган надлежен за кривично гонење и апелираме до претседателот на ДКСК да работи во рамките на своите надлежности и со вакви изјави да не ја повредува самостојноста на ЈО и со ова да не врши притисок врз неговото работење.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за разрешувањето на Димитровска: Имам чувство дека има поединци кои се обидуваат политиката кај нас да ја направат естрада

Горан Наумовски

Претседателката на ДКСК не доаѓа на работа, парламентарците молчат за нејзино разрешување

Горан Наумовски

Ревизор и го положил испитот за пристап до службени тајни кои потоа му ги кажувала на обвинетиот во „Адитив“, обвинение за Димитровска

Катерина Ѓуровски

Антикорупционерите бараат од Владата да се почитува кодексот при користење на службени возила

ДКСК: Работиме според законските надлежности, борбата против корупцијата останува непроменета

Горан Наумовски

Андоновски: Ова фрла дамка на ДКСК, но се надевам дека останатите членови успешно ќе продолжат да работат