Роналдо, Меси, Ван Дајк и Салах, финалисти во изборот на „Глоуб Фудбал“ за наградата Играч на годината

Од:

Објавен е конечниот список на конкуренти за Играч на годината, престижен наслов што го доделува „Глобус Фудбал награди-2019“ година.

Во номинацијата за „Најдобар фудбалер на 2019 година“ се вклучени: Кристијано Роналдо (Јувентус), Лионел Меси (Барселона), Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк (Ливерпул).

Последните три години, Роналдо ја освојува наградата за најдобар играч на годината.

Во номинацијата „Најдобар тренер на 2019 година“, наградата ја „бркаат“ Јирген Клоп (Ливерпул), Фернандо Сантос (репрезентацијата на Португалија) и Ерик тен Хаг (Ајакс).

Ливерпул, Ајакс и женскиот тим на Лион се номинирани за „Најдобар тим на 2019 година“.

За „Откритие на годината“ номинирани се играчот од средниот ред Ансумане Фати (Барселона), Ерлинг Холанд (Салцбург), Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд) и Жоао Феликс (Атлетико).

Меган Рапино и Алекс Морган од САД, Луси Бронц (Англија) и Амандин Анри (Франција) беа номинирани во номинацијата „Најдобра фудбалерка во 2019 година“.

Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 29 декември во Дубаи (Обединетите Арапски Емирати).

Наградите „Глоуб фудбал“ ги организира Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) и Европската асоцијација на фудбалски агенти (ЕФАА).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 906 гол на Роналдо

Роналдо премина една милијарда следбеници на социјалните мрежи

Предраг Петровиќ

По болниот крај на сезоната, Роналдо ги полни батериите за европското на егзотична дестинација

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски