ТВ „Ал Мајадин“: Во блискоисточниот мировен план на Трамп е предвидено создавање држава „Нова Палестина“

Од:

Либанска ТВ станица соопшти дека американскиот блискоисточен мировен план предвидува создавање палестинска држава која ќе се нарекува „Нова Палестина“.

Тоа ќе се постиге со троен договор меѓу Израел, Палестинската ослободитена организација (ПЛО) на Западниот брег и екстремистичката исламска организација Хамас, која, пак, владее со Појасот Газа.

Тврдејќи дека набавила примерок од долго очекуваниот план на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, телевизијата „Ал Мајадин“, блиска со Хезболах, наведува детали кои се во комплетна спротивност со досега објавените ограничени информации за тој документ и со ставовите на САД и Израел.

Сево ова фрла сомнеж врз кредибилноста на овој либански извештај, пренесуваат израелските медиуми.

Во извештајот се наведува дека САД ќе ја завршат економската подршка за Израел доколку го отфрли договорот со кој наводно се планира создавање на државата Палаестина на територијата на Газа и на делови од Западнот брег.

На палестинската страна, исто така, ќе и се скрати помошта, која и онака не ја добива, но која се планира, доколку Хамас и Исламски џихад го отфрлат планот, а ПЛО го прифати. На тој начин ќе се направи разликата меѓу раководствата на Западниот брег и во Појасот Газа.

Со планот се предвидува Саудиска Арабија, место Јордан, да стане заштитникот на крајно чуствителното светилиште Рид на храмот во Ерусалим, кое го чува израелската полиција, но Израел и натаму ќе го задржи суверентитетот врз ова светилиште.

Извештајот за наводниот план детално го пренесоа медиумите на хебрејски јазик, иако нема официјална потврда од САД дека е точен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел ја игнорира наредбата на Хашкиот суд, продолжи со нападите на Рафа

Катерина Ѓуровски

„Њујорк тајмс“: Европа се одвраќа од Израел, го доживува како агресор

Борел: Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас

Горан Наумовски

Палестина повторно испрати барање до Советот за безбедност за прием во ОН

Песков: Русија ја признава државата Палестина

Полска објави дека поддржува решение со две држави за Израел и Палестинците