Поранешен шеф на ФБИ призна за „пропусти“ на почетокт на руската истрага

Од:

Поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, призна дека федералната полиција извршила „непобитни пропусти“ на почетокот на истрагата за вмешаноста на Русија во претседателските избори во САД.

Доналд Трамп кој го отпушти Коми во 2017 година веднаш коментираше дека тој може да биде осуден на „повеќегодишна“ затворска казна.

Коми отсекогаш го бранеше ФБИ од напади од американскиот претседател.Но, синоќа тој призна дека кон Картер Пејџ, советник на Трамп на изборите, за надворешна политика во 2016 година, брзо осомничен во истрагата на федералната полиција за руска вмешаност, бил третиран неправедно.

Во интервју за „Фокс њуз“, Коми рече дека одобрувањето на ФБИ за следење на Пејџ, кое тој лично го потпишал, содржи „големи грешки“.

– Имаше непобитни пропусти, во одобрувањето требаше да има седумнаесет работи, или барем тие требаше да се наведат и да се опишат поинаку, рече тој.

Тие грешки се набројуваат во извештајот на генералниот инспектор на Министерството за правда, издаден на 9 декември. Во тој документ, генералниот инспектор негира дека ФБИ имал политички мотиви за покренување истрага, но посочува дека имало „грешки и пропусти“ извршени од страна на некои агенти кога тие побарале од судот да добијат одобрување за прислушкување на Пејџ.

„Значи, сега Коми призна дека не бил во право…Но, тој го прави тоа само затоа што е фатен со прстите во џемот”, реагираше Трамп на Твитер.

Би можело да ве интересира

NBC News: Директорот на ФБИ се подготвува да биде сменет во новата администрација на Трамп

ФБИ уапси две лица во Мичиген поради смртни закани кон Трамп

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

ФБИ изврши претрес во домовите на двајца Американци поврзани со руски државни медиуми

Горан Наумовски

ФБИ доби дојава: Можна одмазда за обидот за атентат врз Трамп

ФБИ објави нови детали за обидот за атентат врз Трамп