Дејвид Крејн, еден од творците на серијата „Пријатели“ одговори на прашањето кое ги мачеше љубителите на популарната серија од деведесетите: Зошто Рејчел и Џои беа во врска?
Отсекогаш се знаеше дека Рејчел ќе заврши со Рос. Но секако ние ја сакавме врската која ја создадовме меѓу Рејчел и Џои, иако од почетокот знаевме дека нема да потрае. Но, тоа се случува и во животот, тоа е класичен приказ како не треба да изгледа врската. Сакам да кажам, дури и ако сакате некого, тоа не значи дека ќе останете со него до крајот на животот, објасни Крејн за Radiotimes.
Публиката негодуваше поради новата љубовна двојка во серијата, а Крејн објасни дека тоа му се допаднало на креативниот тим, што на тој начин успеале да го разбудат ликот на Џои, кој гледачите навикнале да го гледаат како самец кој често менува девојки.
– Во секој случај, од почетокот знаевме дека Џои и Рејчел не можат и не треба да завршат заедно, за разлика од нивните пријатели Моника и Чендлер, рече Крејн.
Идејата Рејчел и Џои да бидат двојка не му се допаднала ниту на Мет Лебланк кој го глумеше Џои Трибијани. Сметал дека е погрешно, иако на почетокот на снимањето на серијата имал симпатии кон Џенифер Анистон која ја глумеше Рејчел. Тие двајца во текот на снимањето развиле вистинско пријателство кое трае и денеска.