Форбс: Ангела Меркел најмоќна жена во 2019 година

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел ја предводи овогодинешната листа на Форбас за „Најмоќна жена во 2019“. Секоја година Форбс креира листа, составена од највлијателните женски лидери во светот, од областа на бизнисот, политиката и забавата.

Меркел веќе деветта година по ред ја предводи листата на Форбас за најмоќна жена, а изданието ја пофали „нејзината челична резервираност, од тоа да се спротистави на Доналд Трамп до тоа да дозволи влез на повеќе од милион сириски бегалци во Германија“.

На второ место на листата е претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард, која претходно беше директорка на Меѓународниот монетарен фонд. Зад неа е Ненси Пелоси, која е првата жена – претседателка на американскиот Конгрес од 2007 година.

Тинејџерката Грета Тунберг, која „Тајм“ ја прогласи за личност на годината, на листата на Форбс е на 100. место.

Би можело да ве интересира

Форбс: Светските милијардери помлади од 30 години го наследија своето богатство

Бајден ги измеша Ангела Меркел и Хелмут Кол кој почина во 2017 година

Катерина Ѓуровски

Меркел го доби највисокото германско државно признание

Ангела Меркел доби награда за мир на УНЕСКО

Ана Ололовска

Поранешен главен советник на канцеларката Меркел стана советник на премиерот Рама

А1он

Пропаднатиот план на Меркел: Немав доволно моќ да го спречам Путин