Меси и Пике не се во составот на Барселона за мечот против Интер

Од:

Познат е ростерот на Барселона за натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Интер, соопшти прес-службата на Каталонците.

На списокот со 20 фудбалери не се вклучени капитенот и напаѓачот на тимот, Лионел Меси, како и Жерар Пике. Ги нема ниту Серхио Бускетс и дефанзивецот Серхи Роберто.

За дуелот со Интер во Милано, тренерот Ернесто Валверде ќе може да смета на:

Голмани – Тер Штеген, Нето, Пења;

Одбрана: Фирпо, Ленгл, Ваге, Тодибо, Умити, Араухо, Морер;

Среден ред: Ракитиќ, Алења, Де Јонг, Пуч, Видал;

Напад: Гризман, Перез, Суарез, Дембеле, Фати.

Натпреварот е закажан за утре со почеток во 21 часот.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика