Кит кашалот починал на островот Харис, на британскиот архипелаг Надворешни Хебриди во Атлантикот, по што од него бил изваден куп од 100 килограми ѓубре.
Околните жители што минатата недела го нашле угинатото животно на плажа Сејлбоуст, нагласија дека ова е само уште еден од многуте докази за прекумерното загадување на океаните.
– Секој ден доаѓаме на плажава и секојпат носам вреќа со себе за да собирам ѓубре. Најголем дел од него е риболовна опрема, изјави Ден Пери, локален жител.
Китот е закопан на шкотската плажа.
Последниве 10 години забележан е пораст на регистрирани уловени китови – од 204 во 2009. на 930 во 2018 година.