Влијателен дневник од Њујорк ги повикал своите филмски критичари да ги одберат филмовите за кои мислат дека имале најмногу влијание на продукцијата на седмата уметност во втората деценија на 21 век.
Редоследот не значи дека филмовите кои ги наведувале имаат по тој ред најмногу влијание, туку дека за нив гласале најмногу учесници во анкетата.
„Американски снајперист“ кој во 2014-та го сними Клинт Иствуд за животот и смртта на снајперистот Крис Кајл, војник на SEAL, имаше премиера он крајот на декември, но целата наредна година важеше за филм кој „мора да се види“ и на крајот беше најгледан истата година.
Инаку тоа беше единствениот американски филм таа година кој не беше продолжение на некој серијал, нити бил од продукцијата на Дизни. Филмот ја поларизираше публиката. Додека едните се бунеа што филмот го поддржува ставот дека сите можат да имаат оружје, другите протестираа што во филмот се „рекламира“ оружје.
Серијалите се едни од константните производи на Холивуд, а не се ретки ни филмовите за супер-хероите, но „Одмазници“ максимално ја искористија популарноста на Крис Хемсворт кој го глумеше Тор и Каметан Америка во истиот филм. Инаку филмот во 2012-та година покажа дека може да ги собере сите супер-херои и дека публиката ќе дојде сите да ги гледа и не им пречеше што Хемсворт играше дури двајца супер-херои.
„Црна риба“ е снимен во 2013-та година, документарец чија цел е публиката да ја потсети на загрозените орка китови. Тоа е толку впечатлив филм што го промени односнот на јавноста кон овие китови. Филмот предизвика толку бурна полемика, што пратениците мораа да предложат и усвојат закон кој ги штити џиновските орки.