Велика Британија и врати на Полска повеќе од сто тони златни резерви

Од:

Гувернерот на централната банка на Полска, Адам Глапински денеска изјави дека од Велика Британија пратени се повеќе од сто тони златни резерви, вредни околу 18,3 милијарди злоти (4,7 милијарди долари).

Златото е вратено од трезорите на Британската централна банка, каде Полска по Втората светска војна остави на чување поголем дел од златните резерви на земјата.

Враќањето на златото е организирано во осум пратки од по илјада златни прачки. Златото пристигна на аеродромите во Варшава и во Познањ .

Полската централна банка во моментот располага со 228,6 тони злато од кои во нејзините трезори се чуваат само 105 тони.

Во 2018 и 2019 година златните резерви на Полска се зголемени за 125,7 тони.

Би можело да ве интересира

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата