Малезија се надева дека сите докази за падот на нивниот „Боинг 777“ на истокот од Украина, во 2014 година, ќе и бидат достапни на јавноста, изјави денеска малезискиот министер за надворешни работи Саифудин Абдулах по разговорот со рускиот колега Сергеј Лавров.
-Ќе продолжиме да работиме се што е потребно за да ги откриеме сите докази, рече Абдулах, пренесен од Тасс.
„Подготвени сме да ги сослушаме сите кои имаат било какви информации во врска со падот“, додаде малезискиот министер.
„Боингот 777“ на „Малезија ерлајнс“ на летот од Амстердам за Каула Лумпур, беше соборен на 17 јули 2014 година над источниот украински регион Доњецк.
Во падот загина сите 238 патници, од 10 различни земји, и 15 членови на екипажот.