ВИДЕО: Членови на Судскиот совет дојдоа во Апелација за најавата за истрага за судиите кои ја пуштија Јанева

Од:

Виолета Богојеска, Владе Богдановски и Шемседин Јусуфи, членовите на Судскиот совет, дојдоа и по еден час си заминаа од Апелациониот суд.

Не дадоа информации за што дошле, но неофицијално нивното присуство е поради најавата на шефицата на Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, дека ќе отвори финансиска истрага за судиите што ја пуштиле Катица Јанева во куќен притвор.

„Решението за Јанева не сме го добиле. Но, ние дадовме негативно мислење. За советот што ја донесе одлуката за куќен притвор, ќе отвориме финансиска истрага“, рече вчера Русковска за „А1он“.

Членовите рекоа дека за средбата ќе пуштат соопштение.

Ексшефицата на СЈО, Катица Јанева со качулка на главата вчера беше донесена од истражниот затвор во Шутка во станот на нејзиниот син, Лазар, каде ќе биде во куќен притвор.

Таа е второосомничена во случајот „Рекет“, заедно со Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец. Од нив, само Бојан Јовановски остана во истражниот затвор.

Првото рочиште за „Рекет“ е закажано за 3 декември.

Би можело да ве интересира

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми и неговиот помошник Аки Саити

Приведени се двајца од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и природата со отпад

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрагата за 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава