Финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева во куќен притвор, најави Русковска

Од:

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска за „А1он“ по одлуката на апелационите судии кои ја пуштија обвинетата Катица Јанева во куќен притвор, најави дека ќе спроведе финансиска истрага за нив.

„Решението за Јанева не сме го добиле. Но, ние дадовме негативно мислење. За советот што ја донесе одлуката за куќен притвор, ќе отвориме финансиска истрага. Со вакви судии нема место во ЕУ“, рече Русковска за „А1он“, разочарана од одлуката на второстепениот суд.

Покриена со качулка на главата и двајца полицајци кои ја носеа под рака, ексшефицата на СЈО Катица Јанева попладнево беше донесена од истражниот затвор во Шутка во станот на нејзиниот син, Лазар, каде ќе биде во куќен притвор.

Јанева не одговори на ниедно новинарско прашање за тоа каква е нејзината здравствена состојба, дали се чувствува виновна и дали е задоволна од одлуката на судот.

Тројца апелациони судии ѝ ја прифатија жалбата на Јанева и притворот ѝ го заменија со куќен притвор.

Таа беше притворена во затворот во Шутка од 21 август, кога беше уапсена како второосомничена во случајот „Рекет“, заедно со Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец. Од нив, само Бојан Јовановски остана во истражниот затвор.

За нив е поднесено обвинение, а првото рочиште за „Рекет“ треба да почне во Кривичниот суд на 3 декември.

Би можело да ве интересира

Пресудата за „Рекет“ ќе стигне до Врховен, Катица Јанева ја нема добиено одлуката, ниту упатен акт за во затвор

Кристијан Ландов

Апелација ги потврди казните на Катица Јанева и Бојан Јовановски

Ана Ололовска

Вишиот јавен обвинител Бектеши побара повисоки казни за случајот „Рекет”

Ана Ололовска

На лошото здравје на Јанева влијае и притворот, адвокатите се надеваат дека ќе се укине пресудата за „Рекет“

Кристијан Ландов

Адвокатите на Јанева: За неа нема докази во „Рекет“, туку незаконски снимки и сведоци кои сакаат да се спасат од законот

Ана Ололовска

Бојан Јовановски бара ново судење за „Рекет”: Нема доказ за ваква пресуда

Ана Ололовска