Чендлер Бинг и Моника Гелер беа најдобри пријатели, живееја стан до стан во Њујорк и заедно со уште четворица пријатели секојдневно се дружеа. На крај почнаа врска, се венчаа и посвоија деца. Тоа е приказната за еден од љубовните парови во „Пријатели“.
Метју Пери кој што го глумеше Чендлер, посакувал така да биде и во реалниот живот. Тој навистина бил заљубен во Кортни Кокс. Подолго време се „шушкаше“ дека Пери почнал да чувствува нешто кон Кокс за време на снимањето на серијата, а близок пријател на актерот го потврдил тоа.
– Метју отсекогаш беше заљубен во неа. Никогаш во потполност не ја преболе, рече неговиот пријател за странски медиуми.
Кортни неодамна ги изненади фановите кога објави фотографија со Метју.
– Погодете со кого бев на ручек. Знам! Можам ли да бидам посреќна?, напиша Моника.
Според пишувањата на странските медиуми во тек се преговорите за снимање на „Пријатели“. Главните актери заедно со креаторите на серијата се договараат дали ќе направат серија, специјал или филм, со оглед на тоа дека серијата и по 20 години е една од најгледаните.