• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Мери Јордановска
Македонија

Антикорупциска: Нема одговорност кај Анѓушев за хидроцентралата „Тополки“

by Мери Јордановска15/11/2019 - 12:3115/11/2019 - 13:08693
Share0

Антикорупциската комисија го затвори предметот познат како „Тополки“ во кој беше инволвиран вицепремиерот Кочо Анѓушев, а се однесуваше на изградбата на хидроцентрала во националниот парк „Маврово“. Комисијата утврди дека Анѓушев го пријавил својот интерес и се иззел од сите седници на Владата на кои се расправало за концесиите, нивното доделување и роковите, а со тоа го затвори и го архивира предметот.

Добивај вести на вибер

Сепак, комисијата одлучи да побара од Владата да се преиспита влијанието на малите хидроцентрали врз животната средина во националниот парк Маврово, согласно препораките од Европската унија.

Пријавата за Анѓушев ја поднесоа ВМРО-ДПМНЕ и едно еколошко друштво кон средината годината. Според пријавата, во „Тополки“, еден од сопствениците е Кочо Анѓушев преку фирмата Феро инвест, а неговиот брат Тодор Анѓушев е управител. Оваа фирма има добиено градежно земјиште по пат на непосредна спогодба во Дреново за изградба на хидроцентралата.

Анѓушев тогаш реагираше дека договорот за концесија е добиен и потпишан во мај 2015 година и добивањето на земјиштето е во иста постапка како и за сите електрани што се изградени во државата во последните 10 години.

Тој рече дека сите постапки се започнати во 2015 година, во време кога не бил член на владата, ниту пак знаел дека некогаш ќе биде, па никако и не можел да изврши влијание.

angjusevdksktopolki

Би можело да ве интересира

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?

Горан Наумовски27/01/2026 - 19:24

Левица: Со демантот за октоподот, ДКСК индиректно призна дека работи за власта

Горан Наумовски22/01/2026 - 16:50

Во Антикорупциска има мрежа преку Цвета Ристовска за контрола на предмети за ВМРО-ДПМНЕ, тврди Левица

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 11:34

Левица: ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите

Горан Наумовски11/12/2025 - 12:04

Адем Чучуљ e избран за претседател на ДКСК

Горан Наумовски03/12/2025 - 14:02

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски02/12/2025 - 12:5102/12/2025 - 12:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен