Најмалку 28 проценти од Јужноафричката република се ХИВ позитивни, по тестирањето во 2011 година.
Околу 94.000 средношколки во ЈАР останаа бремени, 77.000 од нив абортираа, а министерот за здравство, Арон Мотсоаледи смета дека за тоа се виновни повозрасните мажи.
-Јасно е дека младите момчиња не се во врска со тие девојки, тоа го прават постарите луѓе. Мораме да се спротивставиме на оние кои ги уништуваат нашите деца. Не можеме повеќе така да живееме, мора да завршиме со тоа – изјави министерот.
Повеќе од пет милиони Јужноафриканци се ХИВ позитивни, а минатата година во земјата починаа дури 260.000 луѓе.
Елена Георгиевска