Пакистански војник бил јавно каменувам до смрт по наредба од племенскиот суд во северно-западен регион на Курам, поради афера со локална жена, соопштија владини и племенски претставници.
Оваа племенска правда е потсетник за проблематичноста во воспоставување на кредибилна цивилна администрација во пакистанскиот регион кој се граничи со Авганистан, и покрај воените операции во регионот и донациите од Западот за изградба на инфраструктира, пишува „Гардијан“.
Анвар Дин, 27-годишен војник од Пунџаб, минатата година бил испратен во Парачинар, регион на Курам, каде ја запознал 19-годишната Интицар Биби, додека правел проверка близу нејзиниот дом. Тие започнале врска и тој се обидел да избега со неа кога бил испратен во спорниот регион Кашмир, велат племенски извори.
„Девојката го напуштила нејзиниот дом во понеделникот и се сретнала со Анвар Дин, и тогаш селаните ги виделе. Ја земавме девојката во притвор и го однесовме момчето во локалните гробишта каде беше каменувам до смрт и закопан“, вели Мунир Хусеин, вели претседателот на локалниот племенски суд, што му пресудил смрт на Дин.
Според анонимен владин претставник, племенскиот суд пресудил смрт и за девојката, но се уште не е јасно дали било извршено.
Курам, единствениот дел од пакистанскиот беззаконски граничен регион кој има голема популација на Шиа, е малтретиран од секташко насилство помеѓу племињата Суни и Шиа. Биби е Шиа, а Дин е Суни.
Хусеин додаде дека племенскиот суд побарал да биде предаден и друг пакистански војник, Саиф Улах, кој им помагал на парот да се состанат и да го испланираат бегството.
„Ова е навреда за племенските обичаи. Ние се противиме на ова и ќе ставиме крај“, вели Хусеин.
Јасна Атанасова