Дубаи донесе одлука да го олесни законот за продажба на алкохол на туристите во продавниците под државна контрола.
Одлуката е донесена затоа што првпат по десет години Обединетите Арапски Емирати бележи значителен пад на продажбата на алкохол, како и послаби економски показатели.
– Обединетите Арапски Емирати се соочуваат со тешки предизвици, бидејќи промените во однесувањето на купувачите, како и демографијата почнуваат да даваат ефекти, наведува фирмата за истражување на пазарот „Еуромонитор Интернешнел“ во најновиот извештај.
Според Светската здравствена организација, Обединетите Арапски Емирати доминираат во однос на други земји каде што е забранет алкохолот кога станува збор за конзумирање пијалок.