Почна постапка за одземање на дозволата на 1ТВ

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) на денешната седница донесе одлука да се почне постапка за одземање на дозволата на 1ТВ, чиј неформален газда беше Бојан Јовановски – Боки 13, кој е во притвор за случајот „Рекет“.

Телевизијата има рок од 15 дена за да ги исправи пропустите, а доколку не се случи тоа, таа ќе престане да зрачи во етерот.

1ТВ во последниот период, по апсењето на Боки 13, престана да емитува програма во извесен период, потоа се емитуваа музика и филмови, а од минатата среда престана да зрачи.

Од Агенцијата извршиле надзор со кој било констатирано дека телевизијата не ги исполнува минималните кадровски услуги, односно да има најмалку 30 вработени од кои 10 новинари со соодветно образование.

Од Управата за јавни приходи минатата недела соопштија дека ќе бидат поднесени кривични пријави против Меѓународниот сојуз на Боки 13, Томато продукција (каде што беше сместена телевизијата) и БМЈ Медиа Груп, фирмата сопственик на 1ТВ, поради даночно затајување од околу 325 илјади евра.

Во јавноста беше обелоденето дека извесен Богдан Дамјановски, 77 годишен пензионер од Скопје е посредник со цел инвеститор од Холандија да ја купи телевизијата.

Подоцна, Дамјановски изјави дека инвеститорот во чие име настапувал се премислил, бидејќи првичниот договор бил на помала сума, но откако УЈП ја блoкирала сметката за неплатени даноци сумата се зголемила на околу 400.000 евра. Инвеститорот, чие име не беше откриено наводно бил пријател на Дамјановски кој живеел во Холандија и сакал да почне бизнис во Македонија, а првата опција била да ја купи телевизијата на Боки 13.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра