Лажна вест беше објавена во италијанскиот весник „Ла Верита“, која беше пренесена без проверка од страна на македонските медиуми.
Весникот објави дека премиерот Зоран Заев од обвинителката Вилма Русковска барал да се одблокираат 750 илјади од бизнисменот Силјан Мицевски, уплатени на сметката на пензионерката Лилјана Тодоровска.
Текстот на „Ла Верита“ содржи погрешни податоци – парите не биле одблокирани за 48 часа туку по 5 месеци, сето ова не се случувало во 2018 година, туку една година порано, кога Русковска воопшто не ни била шеф на обвинителството.