Во експлозија на бомба во близина на куќата на истакнатиот министер за информации на провинцијата Кибер, Ифтикар Хусеин, на северозапад на Пакистан, ранети се шест лица, меѓу кои и три деца, соопштија денеска полициски извори.
Експлозијата се случила во градот Паби, на оддалеченост од 60 метри од куќата на министерот Хусеин, пренесуваат француските медиуми.
Хусеин е член на владеачката партија во провинцијата, Авами националната партија (АНП), и во моментот на експлозијата не бил во својот дом.
Талибанските есктремисти во јули 2010 година го убија синот единец на Хусеин, Рашид Хусеин.
Полициски претставник изјави дека нападот бил терористички инцидент.
Хусеин е добро познат по своите говори против екстремистите.
Екстремистичката група „Техрек е Талибан Пакистан“ се заколна дека ќе ги убива политичарите од секуларната партија АНП.