Кошаркарката со најдолги нозе стана манекенка

Од:

Сега веќе поранешната руска кошаркарка Екатерина Лисина, инаку горда сопственичка на Гинисовиот рекорд за најдолги женски нозе, стана манекенка и е успешна во тоа што го работи.

Екатерина е висока 206 сантиметри и е највисокиот топ-модел во светот. Таа почнала да игра кошарка во родниот град Пенза.

– Бог ми даде висина за да можам да стигнам до ѕвездите. Кога имав 16 години, бев 194 см висока. Играм кошарка уште од 15 години, изјави Лисина.

Спортските скаути ја забележале, а на 19 години, во 2006 потпишала за ЦСКА Москва. Својот прв медал со руската репрезентација, сребро, го освои на Светскиот куп во Германија. Две години подоцна, таа освои и бронза на Летните олимписки игри во Кина.

Се појави на насловните страници на повеќе модни списанија и има сѐ повеќе следачи на Инстаграм, што е исклучително значајно за кариера на модел.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ