Американскиот Конгрес ќе направи напори Турција скапо да ја плати офанзивата во Сирија

Од:

Американскиот Конгрес ќе направи напори турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган скапо да ја плати својата офанзива во Сирија против курдските сили, сојузници на Вашингтон, предупреди денеска влијателниот републикански сенатор Линдзи Греам.
„Молете се за нашите курдски сојузници, кои срамно ги напушти администрацијата на Трамп“, напиша тој на Твитер.
„Ќе вложам напори во Конгресот Ердоган тоа многу скапо да го плати“, додаде овој сенатор кој вообичаено го поддржуива претседателот Трамп.
Ердоган денеска на Твитер соопшти дека дал наредба за почеток на воената операција во Сирија која ја наречена „Извор на мирот“ и напиша дека целта на операцијата е да се искорени „заканата од терор“.

Претходно, турската телевизија пренесе дека турските авиони ги бомбардиларе позициите на сириските Курди преку границата, од страната на Турција.

Портпаролот на курдските сили Мустафа Бали денеска изјави дека турските воени авиони почнаа да напаѓаат „цивилни подрачја“ на северот од Сирија и дека тоа предизцикало паника меѓу жителите од оваа област.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски