Два кинески медиума ги суспендираа преносите на НБА натпреварите заради изјави за Хонгконг

Од:

Два големи кинески електронски медиума соопштија денеска дека ги суспендираа веќе важечките договори за пренос на предсезонските натпревари на НБА лигата, откако генералниот директор на екипата на „Хјустон Рокитс“, Дерил Мореј, јавно ги поддржа антивладините протсти во Хонгконг.

Суспензијата на актуелните аранжмани за пренос на натпреварите од НБА лигата во предсезоната ги најавија кинеската државна ТВ мрежа ЦЦТВ и компанијата Тенцент, која ги поседува правата за дигитален стриминг на натпреварите на НБА во Кина, соопштено е на сајтот на американската телевизија ЦНБС.

Мореј во еден твит изрази поддршка за учесниците во антивладините протести во Хонг Конг, иако подоцна го избриша, но предизвика остри критики во втората најголема светска економија, наведе ЦНБС.

Адвокатот на НБА лигата, Адам Силвер, застана во одбрна на Мореј.

-Како организација темелена на вредности мислам дека треба јасно да ставиме до знаење…. дека Дерил Мореј, во рамки на своите можности, има право да ја користи слободата на изразување, кажа Силвер во интервју за јапонската агенција Кјодо.

Кинеската ЦЦТВ не се согласи со забелешката на Силвер.

„Многу сме разочарани и не го одобруваме ставот на Силвер за поддршката на правото на Мореј на слободно изразување. Сметаме дека ниту една изјава со која се оспорува националниот суверенитет и социјална стабилност не е во доменот на слободата на говорот“, се наведува во соопштението на ЦЦТВ на кинески јазик, што го пренсе ЦНБС.

Би можело да ве интересира

Дејвис ќе паузира најмалку еден месец

Ол-стар натпреварот во Индијанаполис 2021 година може да не се одржи

А1он

Дејвис со 46 поени ги предводеше Лејкерс до триумф над Њу Орлеанс

Ленард: Навивачите што ме исвиркуваа всушност ме сакаат

Јокиќ со петти трипл-дабл сезонава, конечно победа за Вориорс

Поранешниот комесар на НБА е во критична состојба