Во Пехчево се реализира проектот „Младите и природата-партнери за иднината”

Од:

Во пехчевскиот Едукативен центар за зачувување на природата во село Негрево, денес се одржа работилница за биодиверзитет, наменета за млади од 11-15 години. Активноста е дел од проектот ,,Младите и природата-партнери за иднината, кој со поддршка на Мрежата за рурален развој на РСМ, го релизираат здруженијата ,,Амброзија” и „Солза”.

-Во рамки на настанот, учесниците најпрвин собираа примероци од растителниот жив свет, што може да се сретне, во овој дел од Брегалничкиот регион. На работилницата извршија селекција и детерминација на собраните примероци, а беше организиран и краток квиз, за нивните познавања од оваа област, рече Јасминка Пашалиска Андоновска од здружението Амброзија.

Работилницата, како што додаде, е во соработка со Едукативниот центар за зачувување на природата и Еко одборот на деветолетката “Ванчо Китанов” од Пехчево.

Предходно, во рамки на овие активности, како што додадоа организаторите, беше реализирана едукативна екскурзија по „Патеката на Петко и шумските жители-Пехчевска авантура“, до локалитетот Јудови Ливади.

Би можело да ве интересира

Советот на Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар

Катерина Ѓуровски

Левица: ДПМНЕ ја распродава енергетската иднина на Македонија со дата-центар во Пехчево

ВМРО-ДПМНЕ: Младите ќе добијат практикантство во општините и поддршка за иновации

Горан Наумовски

Хани: Корупцијата најмногу ги погодува безбедносниот и еколошкиот сектор

Една четвртина од Европејците не ги плаќаат сметките на време, младите се најтешко погодени

Речиси половина од младите не веруваат дека земјава ќе стане членка на Европската унија