Ѓоковиќ го декласира Милман за титула во Токио и му побегна на Надал

Од:

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ја освои титулата во Токио со убедлива победа над Австралиецот, Џон Милман, во два сета кои ги доби со 6:3 и 6:2 за еден час и седум минути игра.

Австралиецот не се покажа како најдобар ривал, бидејќи во текот на мечот беше во подредена позиција, особено кога Новак беше на сервис или кога напаѓаше со форхенд.

На српскиот тенисер не му попречија ниту грешките кои ги правеше при бекхенд ударите, од кои не погоди речиси ништо, бидејќи неговиот ривал не успеа да го искористи тоа.

Со победата во Токио, Ѓоковиќ си создаде „кредит“ од над илјада поени во однос на Рафаел Надал, па тој дефинитивно ќе остане прв и по Мастерсот во Шангај.

Би можело да ве интересира

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

ВИДЕО: Петмина загинати во леталото на крајбрежната стража кое се судри со изгорениот авион

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Изгоре авион на писта на аеродром во Токио

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во зграда во Токио: Четири лица се повредени, тројца во тешка состојба

Горан Наумовски

Јапонија им нуди на семејствата по 7500 долари по дете доколу се иселат од Токио

А1он

По загубеното финале во Катар, во Франција уапсени 227 лица, од кои 47 во Париз