Тајландски судија се застрелал себеси во градите, во судница, кога ослободил петмина муслимани осомничени за убиство, oткако претходно го критикувал правосудниот систем.
Судијата, Канакорн Пијанчан, ги ослободил осомничените поради недостиг на докази.
По пресудата, тој изговорил заклетва, извадил пиштол и се застрелал во градите.
Сето тоа се случило во петокот, а судијата го преживеал пукањето и бил пренесен во болница.
Според Би-би-си, постои соопштение за кое се верува дека го напишал судијата, а во кое тој вели дека се обидел да се самоубие поради наводното мешање во овој случај.
Целиот настан се пренесувал во живо преку „Фејсбук“, а пред да се застрела судијата рекол дека се потребни јасни и веродостојни докази за да се казни некој.