Пакистанската полиција уапси 150 осомничени лица кои запалиле христијански куќи во Лахоре, поради богохулење на едно христијанско момче.
Полицијата истакна дека повеќето од осомничените се идентификувани преку телевизиските снимки и дека се теретат за подметнување на пожари, кражби и тероризам.
Инцидентот започна кога демонстрантите гневни поради богохулство врз пророкот Мухамед од Саван Масих, започнаа да палат христијански куќи.
Во судирот се повредени 20 полицајци.