Мароканска новинарка осудена за абортус кој не го направила

Од:

Мароканската новинарка Хаџар Раисуни е осудена на една година затвор под обвинение дека имала нелегален абортус и предбрачен секс. Нејзиниот свршеник, професор Рифат ал-Амин доби едногодишна затворска казна за наводна соучесништво.

Д-р Мохамед Џамал Белкезиз обвинет е за изведување абортус, и осуден е на две години затвор, објави „Гардијан“. Во писмо, испратено од затвор, новинарката тврди дека обвиненијата се измислени.

Обвинетите тврдат дека абортусот никогаш не се случил и дека Раисуни била мета на мароканските власти за нејзиниот извештај за немирите на северот на земјата, за што и добила награда. Адвокатот на Раисуни, Мухамед Садку, пресудата ја нарече „регресивна“. Тој додаде дека одлуката на судијата значи дека тврдењата на мароканската држава за почитување на меѓународните конвенции што гарантираат права и слободи се „лаги кои немаат никаква врска со реалноста“.

Новинарката и нејзиниот свршеник беа уапсени пред клиника во Рабат на 31 август. По сослушувањето таа била принудена да и биде извршен гинеколошки преглед. Нејзиниот адвокат подоцна до судот достави лекарски наод дека таа никогаш не направила абортус.

Би можело да ве интересира

Мароко запре 75.184 мигранти кои се упатија кон Европа во 2023 година

МНР: Двајца наши државјани кои беа во Маракеш, пристигнаа во Мадрид

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Сопругата му побара развод и половина богатство, а потоа шок-ѕвездата на ПСЖ немал ништо на сметката

Предраг Петровиќ

Мароко го совлада Бразил

Мароко повторно ја отвори својата амбасада во Ирак по 18 години отсуство

Ана Ололовска