Калифорниски универзитет втемели Институт за истражување на љубезноста

Од:

Да му се помогне на колега од работа, да се интересира за здравјето на соседите во доцни години, да го пропуштите автомобилот во време на метеж – цела низа секојдневни убави гестови сега ќе бидат предмет на научни истражувања на Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес (УКЛА), каде синоќа официјално беше отворен Институтот за љубезност.

Тоа е интердисциплинарна студија која ќе ја истражува љубезноста преку еволуцијата, биологијата, психологијата, економијата, културата и социологијата, се вели во соопштението на универзитетот.

„Институтот Бедари за љубезност во УКЛА сака да биде противтежа на актуелниот политички контекст во свет полн со насилство и тензии“, рече Дарнел Хант, декан на Факултетот за општествени науки на Универзитетот во Калифорнија.

Метју Харис, ко-основач на институтот, објаснува дека љубезноста лежи во секој од нас и ќе бидат потребни многу истражувања за да се разбере зошто љубезноста може да биде толку ретка во современиот свет.

Научните студии покажаа дека љубезните гестови имаат многу позитивен ефект врз физичкото и менталното здравје на луѓето што ги прават, но дека можат да бидат заразни за луѓето кои се сведоци на вакви потези.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ