Два лета пренасочени од аеродромот во Дубаи поради сомнителна активност на дрон

Од:

Портпарол на аеродромите во Дубаи изјави дека околу пладне два лета беа пренасочени поради сомнителна активност на беспилотно летало.

Според извештаите, два авиона на авиокомпанијата „Емирати“ кои се очекуваше да слетаат на аеродромот беа пренасочени.

“Емирати можат да потврдат дека денес, недела, Меѓународниот аеродром во Дубаи беше затворен од 12.36 часот до 12.51 часот по локално време, поради сомнителна активност на беспилотни летала во околниот воздушен простор, рече портпаролот на „Емирати“, и додаде дека операциите се вратиле во нормала.

Претходно бунтовниците од движењето „Ансал Алах“ (Хутите) се заканија дека ќе ги нападнат најголемите градови во Обединетите Арапски Емирати, Дубаи и Абу Даби, по нападот со беспилотни летала на нафтени постројки во Саудиска Арабија.

Веста доаѓа во услови на тензии во регионот, откако две беспилотни летала ги нападнаа нафтените постројки „Сауди Арамко“ на 14 септември, предизвикувајќи голем пожар и делумно го нарушија производството на нафта. Одговорност за инцидентот преземаа Јеменските Хути, но САД вината ја ставаа врз Иран. Техеран силно ги негираше сите обвинувања.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се запали моторот на авион што полета од Рим

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Иран претстави оружје што ги прави работите на Блискиот исток понеизвесни

Предраг Петровиќ