Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

Од:

На територијата на Романија, земја членка на ЕУ и НАТО, која дели 650 километри долга граница со Украина, фрагменти од руски беспилотни летала кои ја напаѓаа украинската пристанишна инфраструктура паднаа во неколку наврати во текот на изминатата година.

Остатоци од руски дронови паднаа и на територијата на Молдавија, која се наоѓа меѓу Романија и Украина, потсетува Ројтерс.

Романското Министерство за одбрана соопшти дека фрагментите од дронот се пронајдени во југоисточниот кварт Галати, на 500 метри од границата со Молдавија и пристаништето Ѓурѓулешти, кое се наоѓа на Дунав.

Претходно оваа недела, романските пратеници го одобрија предлог-законот што ѝ дозволува на војската, во зависност од нивото на закана и опасност за населението, да соборува беспилотни летала што го нарушуваат романскиот воздушен простор.

Според новиот закон, уништувањето на дронови е опција како последно средство.

Би можело да ве интересира

Русија ги опремува ударните дронови „Геран“ со магнетометри

Дрон удрил во возот во кој беа фудбалерите на „Локомотив Москва“

А1он

(ВИДЕО) Брод е погоден од дронови на 25 километри од романскиот брег – има загинати и исчезнати

(ВИДЕО) На ТикТок се закани, па со нож повреди наставник и ученик

А1он

(ВИДЕО) Несекојдневна глетка во Романија – авион заглави под надвозник

А1он

Познат генерал пронајден мртов