Тошковски: Ако постои правило дека дрон не сме да лета над толпа, тогаш тоа не треба да се прави

Од:

Законите мора да ги почитуваме сите и дронови не смее да летаат над толпа, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, одговарајќи на новинарското прашање за реакциите во јавноста за издадената забрана за летање на беспилотни летала кои снимале вчера во Кочани.

Дали таквата забрана ќе трае и за кои области ќе се однесува, Тошковски посочи дека во тек се проценки каде ќе има забрана за летање на леталата. За реакциите на јавноста и по социјалните мрежи, тој потврди дека имало негативни коментари во врска со постапувањето на МВР.

– Еднаш треба да почнеме да ги почитуваме законите. Ако постои правило дека летање на дрон треба да се пријави до надлежен орган, тогаш тоа треба да се направи. Ако има европска легислатива, дека дрон не смее да лета над толпа, тогаш тој не смее да лета над топла. Или ќе ги почитуваме законите за секое дејствие за кое се пропишани или ќе ни се случуваат катастрофи, рече Тошковски на прес-конференцијата која се одржа пред седиштето на МВР.

Тој напомена дека МВР е должно секогаш да се однесува со почит кон секој новинар, особено кон новинарите кои се на терен и ги пренесуваат информациите до граѓаните.

– Вие си ја вршите вашата работа во насока на објективно информирање на јавноста и генерално тоа го правите одлично. Затоа ве охрабрувам во таа насока, но ве замолувам сите да ги почитуваме законите, рече Тошковски.

Би можело да ве интересира

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите