Додека Боки 13 е во притвор, фирмите од него си ги бараат долговите од илјадници евра

Од:

Долгови од илјадници евра има Бојан Јовановски – Боки 13, кој долго време го користел пријателството со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева како причина да не плаќа што и да купува, дознава „А1он“ од извори блиски до телевизијата 1ТВ во која Боки13 фигурираше како неформален сопственик.

Тој, според нашите информации, ја немал платено ниту дел од опремата за телевизијата, за која имал долг од 200.000 евра, а не биле платени ниту пари за изнајмениот простор каде што се наоѓа телевизијата. Кога му ги барале парите што ги должел, најчестиот одговор од него бил: „Знаете ли вие со кого јас се познавам?

Според нашите информации, Боки 13 наводно се јавува како купувач на мебелот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во вредност од 5 илјади евра, кој неделава беше запленет од страна на полицијата како доказ за случајот „Рекет“. Според извори од истрагата не е точно дека имало прислушни уреди во мебелот како што пишуваа некои медиуми. И овој мебел не бил платен, исто како и мебелот од околу 100.000 евра што тој го купувал за го опреми станот во елитната населба во Орман, кој не се води на негово име.

Она што со сигурност било платено е неговата гардероба која наводно чини околу 100.000 евра и која дел ја имал уште пред да биде отворен случајот „Рекет“ и пред да му ги бара парите на бизнисменот Орце Камчев. Платен бил и парфем од 800 евра кој и го купил на Катица Јанева.

Останува отворено прашањето како Бојан Јовановски успевал да го живее сиот тој луксуз со блокирана трансакциска сметка и на кој начин кај него се слевале парите за да може да патува на најскапи локации, да купува најскапа брендирана гардероба и лукузен мебел.

Сето ова се очекува да биде отворено во иднина, доколку биде проширена истрагата за случајот „Рекет“, со оглед на тоа што многу компании веќе си ги бараат парите кои ги должи Боки 13 и неговите блиски соработници.

Тој, заедно со Зоран Милески – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се во истражниот затвор во Шуто Оризари, откако истрагата утврди дека му барале рекет од 1,5 милиони евра на бизнисменот Орце Камчев, за да му биде олеснет неговиот статус како осомничен во случајот „Империја“.

Јанева, според нашите информации, демантирала дека на било каков начин била поврзана со нелегалните активности на Боки 13, а комуникацијата со Камчев за која протекоа аудио-снимки, повторно ја бранела со ставот дека сакала да добие информации за друг предмет.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење