Уште еден играч се повлече од репрезентацијата на САД

Од:

Крилото на Хјустон, Пи Џеј Такер се повлече од учество за САД на СП во кошарка во Кина. 34-годишниот Такер во последните неколку дена двапати го повредуваше левиот глужд и смета дека е подобро да се лекува за да биде целосно обновен за почетокот на сезоната во НБА.

Ветеранот на „ракетите“ беше најстар во изборот на Грег Поповиќ, а вкупниот број на играчи што останаа кај „јенките“ по неговото откажување се 14. Селекцијата на Соединетите држави треба да пријави 12 имиња за Мундијалот.

Американците вчеравечер ја совладаа Шпанија со 90-81, а денес ќе патуваат во Австралија, каде ќе имаат три пријателски натпревари. Поповиќ ќе ги објави имињата на неговите дванаесет избраници непосредно пред да заминат за Кина

Би можело да ве интересира

Дејвис ќе паузира најмалку еден месец

Ол-стар натпреварот во Индијанаполис 2021 година може да не се одржи

А1он

Дејвис со 46 поени ги предводеше Лејкерс до триумф над Њу Орлеанс

Ленард: Навивачите што ме исвиркуваа всушност ме сакаат

Јокиќ со петти трипл-дабл сезонава, конечно победа за Вориорс

Поранешниот комесар на НБА е во критична состојба